Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Макрон 2018 ќе биде клучна за Франција, Европа и светот

За Макрон 2018 ќе биде клучна за Франција, Европа и светот

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека 2018-та година ќе биде клучна за Франција, Европа и светот. 

Во своето новогодишно обраќање Макрон вели дека во 2018-та сака да постигне мир во борбата против исламскиот екстремизам во Сирија, Африка, но и во својата земја.

„Длабоко верувам дека Европа може да стане економска, социјална, еколошка, научна сила, која ќе може да се соочи со Кина и САД“- вели Макрон.

Тој вети дека ќе се фокусира на мерките во работните односи кои би овозможиле на секој работник да заработува повеќе, во земјата која неколку години е погодена со висока невработеност и економска стагнација.

Ги повика граѓаните на Европа да изразат желба за тоа каква сакаат да стане Европа.

Слично

Поврзани вести