Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Македонија кон НАТО и ЕУ: Димитров во официјална посета на Франција

За Македонија кон НАТО и ЕУ: Димитров во официјална посета на Франција

 Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска ќе биде во работна посета на Француската Република.

Покрај средбата со својот француски колега , Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи, Димитров ќе оствари средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател Емануел Макрон, како и со претседателите на Групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на Франција.

Во рамките на посетата, министерот Димитров ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“, на реномираниот Институт за меѓународни односи ИФРИ.


Слично

Поврзани вести