Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Крим не е многу лесно да биде дел од Русија

За Крим не е многу лесно да биде дел од Русија
Еден месец по референдумот за нивно отцепување од Украина и приклучување кон Русија, жителите на Крим би требало да бидат задоволни од својата одлука, особено ако погледнат на север. Во источна Украина во ек се сериозни поделби и немири, а на проруските демонстранти таму им се заканува воена интервенција од Киев и можна реакција од Москва. Во меѓувреме, Киев е веќе заштитен од Русија и целата постапка помина без воена интервенција на украинските власти. Но, дали Кримјаните можат да бидат задоволни? Животот на црноморскиот полуостров е буквално превртен наопаку, а жителите се соочуваат со сериозни проблеми во остварувањето на основните потреби. Продавачите уште ги пресметуваат цените и во руски рубљи и во украински гривни, па мораа да се вратат на употребата на рачни калкулатори за да вршат пресметки. Адвокатите и судиите се жалат дека правниот систем е практично парализиран, бидејќи не знаат по кои закони да ги водат постапките - руски или украински. Под најголема закана е економскиот мотор на Крим - туризмот. Туристичките оператори ги откажуваат аранжманите за претстојната сезона заради неизвесноста во регионот, но и заради новите руски визи кои ги отежнуваат патувањата. „Ситуацијата е заглавена, ни ваму - ни таму“, вели Антон Завали, лекар во градска болница на Крим. „Сите чекаат нешто да се случи, а никој не знае што е тоа“. Откако заврши референдумот, Москва си постави задача набрзина да го усогласи Крим со остатокот на Русија, инсистирајќи дека овој процес на транцизија мора да заврши до јануари 2015 година и полуостровот целосно да е интегриран во руската бирократија. За оваа цел Русија издвојува и значителна финансиска помош за Крим. Но на терен, се појавуваат многу проблеми за обичните жители. Пред канцелариите за миграција има долги редици на луѓе кои брзаат да добијат руски пасош. Цените на храната, бензинот и шеќерот во изминатиот период се зголемени и до 30%. Транзицијата отвори прашања и за учениците и професорите: Дали украинските дипломи ќе ги признае високообразовниот систем во Русија? Дали наставниот кадар ќе мора да биде одново сертифициран согласно барањата и критериумите во Москва? Студентите на Универзитетот во Симферопол од отсекот за политички науки се шегувале дека со оглед на тоа што нивната диплома нема да вреди ништо, затоа што се однесува на друг политички систем, веројатно ќе бидат принудени да работат во „Мекдоналдс“ ресторан. Он што е најкритично е што целосно е парализиран правниот систем на Крим. „На Крим во моментов нема никаков закон“, вели Јан Акрамович, адвокат во Симферопол и член на тамошната Адвокатска комора. „Украинското право не важи, затоа што сега треба да бидеме дел од Русија. Руското право не функционира, бидејќи не постојат украински адвокати кои го познаваат. Судовите не работат. Судиите не судат“, објаснува тој. Правната неизвесност се одразува и на прашањето за државјанството на жителите на Крим. Многу, можеби и повеќето жители на полуостровот бараат руско државјанство, па локалните власти мораа да отворат посебни канцеларии за да се справат со големата побарувачка. Но, за оние кои сакаат да си го задржат украинското државјанство, властите одредија строг процес и строг краен рок кој истекува утре. Тие што до утре нема да се изјаснат дека сакаат украинско државјанство, по автоматизам ќе станат државјани на Русија. Елизавета Богутскаја, дизајнерка на ентериер од Симферопол, велин дека во последните неколку недели речиси секој ден оди во канцелариите за пасош и миграција, во обид да разјасни на кој начин може да си го задржи украинскиот пасош и државјанство. „Сум се родила тука, изразнав тука, целиот свој живот живеам тука и сега сум странец?“, прашува таа.
Слично

Поврзани вести