За колку пари Русите би го продале својот глас?
Четири недели пред парламентарните избори во Руската Федерација повеќе од половина граѓани на земјата очекуваат измами од властите и партиите.
Ова го покажува студија на истражувачкиот центар Левада. Според резултатите од анкетата 51% од Русите се убедени дека при гласањето на 18 септември нема да има нарушувања како манипулација на резултатите од Изборната комисија или купување гласови од партиите. Меѓутоа според истражувањето речиси една четвртина (23%) од Русите се подготвени да го продадат својот глас. Половина од нив сметаат пет илјади рубљи (70 евра) е разумна цена. Но, многумина се склони да гласаат ако сумата која ќе им се даде изнесува помеѓу 100 и 2000 рубљи. Уште при последните избори во 2011 година опозицијата упати сериозни обвинувања за злоупотреби.
