За Кина Ципрас како Фаетон, кој за малку ќе ја уништел планетата
Кинеските медиуми го споредуваат премиерот на Грција Алексис Ципрас со Фаетон, синот на Хелиј, кој според грчката митологија возејќи ги сончевите кочии изгубил конторла и за малку ќе ја уништел планетата.
Ваквата реакција следи откако Кина преку медиумите дозна дека новата грчка влада ја стопирана приватизација на грчкото пристаништето Пиреја. Кинескиот конгломерат „Коско“ беше фаворит во трката за мнозинскиот удел во компанијата што управува пристаништето.
Агенцијата Франс прес ги пренесува пишувањата на кинеските медиуми, кои преку споредбата со Фаетон сакаат да порачаат дека оние кои не се способни за власт не треба ниту да тежнеат кон такви позиции зашто се над нивните способности. За да го спаси човештвото, Зевс со гром го убива Фаетон.
Владата на Ципрас најави дека ги прекинува продажбата на мнозинскиот удел на државата во пристаништето Пиреја во Солун, како и дека ќе ги стопира приватизациите на водечките енергетски и нафтени компании.
Приватизацијата на пристаништето е најважниот проект од масивниот план за приватизации, што од Грција го бараат меѓународните кредитори, а кои ги почна претходната влада на чело со Андонис Самарас.
Слично
