Економија, финансии, бизнис

Контакт

За иста работа, европските мажи земаат 16% повисока плата од жените

За иста работа, европските мажи земаат 16% повисока плата од жените

Мажите во Европската Унија во просек заработуваат за 16,2% повеќе од жените, покажуваат податоците објавени денеска од Европската комисија. Според ваквите податоци, жените во ЕУ мора да работат просечно за 59 дена повеќе, ако сакаат да заработат иста сума колку и мажите.

Податоците беа објавени по повод Европскиот ден на еднаквоста на платите во ЕУ, кој како што стои во соопштението на еврокомесарот за правосудство Вивиен Рединг, треба да не потсетува на нееднаквоста во платите со кои се соочуваат европските жени.

Рединг истакна и дека принципот на еднакви плати за еднаква работа е ставен уште во европските договори од 1957 година.

Инаку овој просек од 16,2 отсто е пресметуван за 2010 година во сите земји од Унијата. Во споредба со претходните години, има скромно намалување на нееднаквоста во платите на жените и мажите кога просекот за разлика во полза на мажите се движел околу 17 %, наведуваат од Комисијата.

Слично

Поврзани вести