Економија, финансии, бизнис

Контакт

За испорака на руски гас „Нафтогаз“ до крајот на денот треба да плати милијарда долари

За испорака на руски гас „Нафтогаз“ до крајот на денот треба да плати милијарда долари

До крајот на денешниот работен ден украинската нафтена компанија „Нафтогаз“, на рускиот гасен гигант „Газпром“ треба да му префрли над милијарда долари за испораките на руски природен гас за октомври, пренесе ИТАР-ТАСС.

Во текот на изминатиот месец на Украина и биле испорачани 3,2 милијарда кубни метри гас.

Шансите „Нафтогаз“ да успее да ги обезбеди неопходните пари до крајот на денот, меѓутоа, не се големи, бидејќи Украина се уште не ги платила своите августовски испораки на природен гас. Досега во „Газпром“ се „легнати“ само 12 проценти од 882-те милиони долари за испораките на руски природен гас за Украина во текот на август.

Слично

Поврзани вести