За Ирска присуството на Израел на Западниот Брег е анексија
За Парламентот на Ирска присуството на Израел на Западниот Брег е анексија.
Долниот дом на ирскиот Парламент го усвои необврзувачкиот предлог на Шин Фејн, националистичка левичарска партија, да ги карактеризира израелските активности како анексија.
Долниот дом „прогласува изјавува дека постапките на Израел се граничат со незаконска де факто анексија на таа територија и ја повикуваат Владата да не ја признава како законска ниту една ситуација што произлегува од какво било такво сериозно кршење на меѓународното право”.
Израел го освои Западниот брег во шестдневната војна во 1967 година заедно со Источен Ерусалим, кој подоцна го анектираше, како и Појасот Газа. Палестинците сакаат да формираат своја, независна држава на тие територии. Во Појасот Газа 11 дена имаше напади меѓу палестинското движење Хамас и армијата на Израел.
