За илјадници Палестинци Израел ги затвори своите граници
Израел ги поништи дозволите за влез на 83.000 Палестинци по терористичкиот чин во средата кога загинаа четири лица.
Повеќето дозволи се на Палестинци кои добиле право да ги посетат роднините за време на светиот муслимански месец. Сите дозволи издадени во периодот на Рамазан, се откажани.
Двајца Палестинци облечени во црно пукале кон луѓето на отворена кафе тераса во реонот на пазарот Сарона. Според сведок барем еден од напаѓачите бил меѓу посетителите на кафулето, пред да се стане и да почне да пука. Полициски портпарол не може да ја потврди информацијата дека терористите биле облечени како ултраортодоксални Евреи. Загинаа четворица, а петмина се повредени. Едниот напаѓач исто така е повреден и е во болница, а другиот е уапсен.
Комплексот со барови и ресторани, се наоѓаат наспроти зградата на Министерството за одбрана и онаа на главниот штаб на армијата.
Одговорноста за нападот ја презеде вооруженото крило „Бригадите Изедин ал Касем“ на палестинското исламистичко движење Хамас.
