Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: Жртви има во Днепар, Севастопол, Белгород и во село во Луганск

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: Жртви има во Днепар, Севастопол, Белгород и во село во Луганск

Шеснаесет загинати има во серија меѓусебни напади меѓу Русија и Украина. 

Oфицијални претставници од Москва и од Киев ги потврдија трагичните биланси на загинати, кои се случуваат токму на денот кога се одбележува годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил. Најголемиот број жртви во изминатото деноноќие се регистрирани на украинска територија, а според изјавата на шефот на регионалната администрација, Олександр Ганџа, девет луѓе загинале во рускиот напад што се случи вчера врз градот Днепар.

Руските власти информираат за серија смртоносни украински напади во Русија и во регионите под нивна контрола. Во пристанишниот град Севастопол на Крим, едно лице загина при напад со беспилотни летала, додека пак слична судбина доживеала и една жена во рускиот пограничен регион Белгород, каде што локалните власти исто така пријавија удар со дронови. На територијата на Украина која е под контрола на Русија, гувернерот на регионот Луганск назначен од руските власти, Леонид Пашечник, соопшти дека пет луѓе се убиени во украински напад врз село.

Слично

Поврзани вести