Економија, финансии, бизнис

Контакт

За еден ден во Украина загинале 800 руски војници?

За еден ден во Украина загинале 800 руски војници?

Украина тврди дека во еден ден загинале 800 руски војници. 

Според украинската војска, тие загинале вчера во источниот дел на регионот Доњецк. Додаваат дека руските сили биле фокусирани на офанзивата во областа Бахмут и дека нападите на Авдиевка и Купјанск биле неуспешни. Украинската армија објави дека се уништени и три руски тенкови, авион и хеликоптер, пренесува Ројтерс.

Инаку, во Макиивка имаше напад при што Русија потврди дека загинале 89 нивни војници. Тие рекоа дека користеле мобилни телефони и така украинската армија ги лоцирала. 

За оваа загуба имаше критики во Русија.  Украина редовно ажурира податоци и според објавеното веќе има над 100.000 убиени руски војници. Инвазијата на Украина почна на 24 февруари лани. Засега нема најави за примирје. 

Фото: Profimedia

Слично

Поврзани вести