ЗА ЕДЕН ЧАС ТРОШАТ КОЛКУ ШТО ЗАРАБОТУВАМ ЦЕЛА НЕДЕЛА! Дошла од Непал на работа во Хрватска, еве ја нејзината реакција (ВИДЕО)
Работниците од помалку развиените земји почнуваат да ги „освојуваат“ и дел од балканските земји, а тие се особено присутни во Хрватска, земја која има голем недостаток од работници во туристичкиот сектор.
Нивниот број постојано се зголемува во последните години, особено на добро платените работни места каде има недостиг од работна сила. Сезонските работници не се секогаш добро платени, но во споредба со платите во нивните матични земји, имаат поголеми приливи.
Една од таквите работници е девојката Барша Гурунг, која дошла на работа во Хрватска од далечниот Непал кога имала само 23 години. Не е ни чудо, ако се земе предвид дека месечните плати во Непал се само неколку стотици американски долари.
Работејќи во угостителството, Непалците заработуваат повеќе отколку во родната земја, а вишокот пари можат да го испратат на своите роднини.
Барша Гурунг работи во едно од кафулињата во Сисак и стана вистинска сензација на социјалните мрежи објавувајќи видео од секојдневието во Хрватска. Исто така, таа му посветува многу видеа на своето момче кое останало во Непал.
Таа имала замерка за животот на Хрватите, а за неа било сосема несфатливо колку пари трошат луѓето седејќи во кафулиња и ресторани.
„Гледајќи како ги трошат моите неделни плати за еден час“, напиша таа во едно видео.
Фото: Принтскрин/Твитер
