За две години 10 000 мигранти удавени во Средоземно Море
Нагло е зголемен бројот на смртни случаи од почетокот на оваа година, бидејќи само за неколку месеци се удавиле скоро 3000 мигранти.
Во Средоземното Море од 2014 година досега се удавиле луѓе колку што има жители еден мал град. Нивниот број веќе достигнува 10 000, соопштија извори на ОН.
Сите тие презеле ризичен потег во обид да стигнат до европскиот брег.
Според последните податоци, до Европа веќе успеале да стигнат 206 400 бегалци и мигранти. Дојдени се главно во Грција и Италија. Стотици пак се водат за исчезнати во ледените води.
Во меѓувреме австрискиот канцелар Кристијан Керн го поддржа затегнувањето на миграциската политика. Предлогот е на министерот за надворешни работи на земјата Себастијан Курц.
Слично
