Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да заврши пандемијата треба да биде имунизирано 70 отсто од населението во светот

За да заврши пандемијата треба да биде имунизирано 70 отсто од населението во светот

Пандемијата ќе престане кога 70 отсто од населението во светот ќе биде вакцинирано. 

За ова предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге. Но, имунизацијата оди многу бавно. 

„Немојте да мислите дека пандемијата е готова. Пандемијата ќе престане само кога ќе се вакцинираат најмалку 70 проценти од населението“, изјави Клуге во Копенхаген. 

На 53 територии, само 26 проценти од населението примило прва доза од вакцината. Во Европската унија 36,6 проценти од населението примило барем една доза од вакцината, а 16,9 проценти се ревакцинирани. Индискиот сој го има во 27 држави. 

Од СЗО не се оптимисти и велат дека не треба да има опуштање додека вирусот не биде победен. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести