Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да се победи ковид: Трета доза вакцина и еднаш годишно имунизација

За да се победи ковид: Трета доза вакцина и еднаш годишно имунизација

Светот интензивно размислува дали ќе биде потребна и трета доза вакцина против корона вирусот, 6-12 месеци по втората доза.

Ова прв го го изјави директорот на Фајзер, Алберт Бурла, и не само дека е можно да биде потребна трета доза 12 месеци по втората доза, туку дека може да биде потребна и годишна ревакцинација. Затоа, вакцинацијата против КОВИД-19 може да стане како онаа против грипот, пренесува Вечерњи лист.

„Постојат вакцини каде што е доволна една доза, како што е полиомиелитис и такви против пневмококи, што се исто така доволни за возрасни, но има и вакцини кои треба да се аплицираат секоја година, како што е вакцината против грип. Новиот корона вирус повеќе личи на вирус на грип отколку на детска парализа “, рече Бурла на настанот„ Трка до вакцинирање “.

Бустер доза

„Се надевам дека ова лето ќе добиеме дозвола за дополнителна, засилувачка доза на вакцината, за луѓето да можат да добијат дополнителни вакцини пред есента за да тој критичен период не биде како во последните шест месеци“, рече тој.

Причината за ваквите рзмислувања за трета доза вакцина е пред се поради постојаната појава на нови варијанти на корона вирусот за што и Ентони Фаучи, главниот американски епидемиолог и советник на претседателот Џо Бајден. „Ако се покаже дека имунитетот од вакцината трае една и пол година, тогаш најверојатно ќе биде потребна дополнителна доза“, рече тој.


Слично

Поврзани вести