Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да отплати долг од компјутерска игра, тинејџер си го продаде бубрегот?!

За да отплати долг од компјутерска игра, тинејџер си го продаде бубрегот?!

За да го плати долгот од три илјади американски долари на ривалот од компјутерска игра, осумнаесетгодишен Кинез по име Жанг го продаде бубрегот.

За да ја исплати оваа висока сума Жанг одлучил да го продаде својот бубрег на илегалниот пазар на човечки органи. На интернет пронашол дилер со органи и договорил состанок, а потоа отишол на договореното место каде што потпишал документ со кој ја презема одговорноста за евентуалните последици од операцијата.

Неразмислувајќи за здравствените ризици во случај операцијата да биде неуспешна, тинејџерот легнал под скалпелот на хирург од подземје. За среќа, операцијата била успешна, а бубрегот е продаден за 6.500 американски долари.

Оваа сторија е објавена во рамките на истрагата што ја спровела кинеската полиција, којашто е во потрага на банда препродавачи на човечки органи во покраината Хебеи.

Според интернет страницата „Havocscope“. Специјализирана за прибирање информации за активностите на црниот пазар на човечки органи во 91 земја во светот, 6,500 долари е само 15 отсто од реалната цена на бубрег во Кина, каде што цената на овој витален орган достигнува и до 47 илјади американски долари.

Исто така тинејџер си го продаде бубрегот за да го купи тренди таблетот iPad 2 кој тогаш само што се појави на пазарот во 2011 година, објавија кинеските медиуми.

Слично

Поврзани вести