Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да најдат работа, одат под нож – Хит е операцијата на нос во облик на Ајфеловата кула

За да најдат работа, одат под нож – Хит е операцијата на нос во облик на Ајфеловата кула
Милиони млади Кинези кои се обидуваат да ја најдат својата прва работа, подлгенуваат на естетска хирургија со цел да ги зголемат своите шанси. Дел од Кинезите им „попуштија“ на рекламите и го моделираат носот според обликот на Ајфеловата кула. „Под влијание сме на убавината на Ајфеловата кула и затоа не се задоволуваме со мали корекции на носот, ние го реконструираме“, вели хирургот Ванг Ксуминг, кој секој месец извршува десетици операции од тој вид. Кинеските работодавци не ја кријат телесната важност како критериум во текот на изборот на кандидатите за работа, а некои во своите огласи наведуваат и посакувана висина, пишува порталот Плива. Поради тоа, студентите се повеќе се обраќаат кај естетските хирурзи во надеж дека на тој начин ќе го натераат работтодавецот, токму нив да им ја даде работата. Конкуренцијата е голема, во прилог на што говори податокот дека минатата година факултет завршиле околу 7 милиони млади кои мораат да влезат на пазарот на труд. Во Чонгкинг на југозападот од Кина, каде се наоѓа ординацијата на др. Ванг Ксуминг, секаде можат да се видат реклами за естетска хирургија, меѓу кои е и раклмата на Ванг за „Ајфеловиот нос“. „Студентите се наоѓаат под голем притисок за да најдат работа по завршувањето на факултетот. Ако имаат добри карактеристики на лицето, имаат и подобри шански за работа“, вели Ванг додавајќи дека клиентите му се претежно женски. Инаку, лекарите од неговата клиника велат дека „Ајфеловиот нос“ не е евтина операција. Таа чини околу 7.200 евра и има само магловит однос со париската метална конструкција. „Ајфеловата кула е класичен споменик, со исклучително естетска форма и ние се обидуваме да ги комбинираме уметноста и медицината“, велат во клиниката на Ванг. Меѓутоа, студентите во потрага за работа, не ги реконструираат само носевите. Ксу Јанг, 26-годишна девојка од Пекинг признава дека одела на липосукција, мотивирана од потрагата за работа, сметајќи се себеси за дебела. Поради сите нив, кинескиот сектор за естетска хирургија бележи голем раст кој се движи дури до 40 отсто годишно, што ја направи Кина трет најголем светски пазар во доменот на пластичната хирургија, веднаш зад САД и Бразил.   А.А.
Слично

Поврзани вести