Економија, финансии, бизнис

Контакт

За четири години од Пепси си заминале 28 бренд менаџери

За четири години од Пепси си заминале 28 бренд менаџери
Директорот на маркетинг за светски пазар на Пепси, Салман Амин ја напушти компанијата. Ова секако не би била вест која ќе предизвика големо внимание ако Амин не е 28-миот бренд менаџер кој од 2008 година на напушти Пепси. Компанијата по низата неуспеси се обидува да се врати во колосек.Буџетот за маркетинг е зголемен за 600 милиони долари, но се чини дека и покрај тоа нема успех. Во текот на изминатите неколку години забележан е пад на профитит за 10%, односно продажбата донела приход од 2,9 милиојарди долари, што е за една милијарда долари помалку споредено со 2011 година. Планирано е повторно да се лансира реклама за Диет Пепси за која е ангажирана актерката Софија Вегара. Но,денешниот пазар ретко ги простува грешките, а Пепси направи прилично големи грешки. Иако се работи за еден од најголемите брендови на светот, тоа не значи дека реклама не е потребна. Пепси од 2008 година до 2010 година на рекламирање на напитоците без шеќер потроши вкупно половина милион долари.  
Слично

Поврзани вести