Економија, финансии, бизнис

Контакт

За четири години, поштарот ќе престане да звони на вратите на белгиските пензионери

За четири години, поштарот ќе престане да звони на вратите на белгиските пензионери
Резервите на пензискиот фонд на Белгија изнесуваат 14 милијарди евра, што е доволно за исплата на пензии до 2018 година, се наведува во студијата на компанијата „Роланд Бергер“. Потребниот фонд за исплата на пензиите во Белгија, имајќи го предвид стареењето на жителите до 2060 година, ќе се искачи на 304 милијарди евра, пренесува весникот „Еко“. Пензискиот фонд, кој е основан во 2001 година, на крајот на минатата година располагаше со 14,1 милијарди евра. Делењето на пензиите беше вршено од буџетот, во 2007 година  и тоа изнесуваше 0,3 проценти од БДП на годишно ниво, а минатата година 1,2 проценти од БДП. Со цел да се задоволат растечките потреби на пензискиот фонд ќе мора да се превземат посебни мерки за обезбедување на дополнителни средства или структурно реформирање на економијата со цел да се зголеми стапката на работоспособното население.  
Слично

Поврзани вести