Економија, финансии, бизнис

Контакт

За борба против коронавирусот вакцините нема да бидат доволни

За борба против коронавирусот вакцините нема да бидат доволни

Вакцините нема да бидат доволни за борба против коронавирусот. Ова го тврдат властите во Белгија.

Портпаролот на кризниот штаб за Ковид-19 во Белгија, Ив Ван Латем, изјави дека вакцините нема да бидат доволни за целосна имунизација на населението.Тој објасни дека би било „многу добро“ да се развие орална терапија против болеста од повеќе причини. Едната е бидејќи некои лица одбиваат или не можат да се вакцинираат, но и затоа што вакцината не е доволна кај други затоа што нивниот имун систем не одговара адекватно на вакцинацијата. Една група ќе ги изгуби антителата побрзо од остатокот од населението и за нив би бил корисен ран терапевтски третман.

Белгискиот оддел на Фајзер денеска објави дека започнува со клиничко тестирање на нов антивирален третман против коронавирусот. Во оваа фаза се тестира ефикасноста на лекот и се врши врз група возрасни лица во добра здравствена состојба во Брисел.

Американската компанија за биотехнологија „Регенерон“ успешно ја заврши третата фаза на тестирање на експерименталниот лек против короната Regn-Cov2 и објави дека ќе побара од американската агенција за лекови ФДА да го одобри овој лек за превентивна употреба кај здрави лица изложени на вирусот, како и кај оние во домаќинството каде што има заразен член.

Во Европа вакцинацијата е спора. Досега вакцина примиле над 13 отсто од населението. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести