Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА БЕЛГОРОД“, ОДМАЗДАТА ПРОДОЛЖУВА: Порака од Русија

„ЗА БЕЛГОРОД“, ОДМАЗДАТА ПРОДОЛЖУВА: Порака од Русија

Утрово Киев беше гранатиран уште еднаш, а делови од дронот содржеа порака од Русија во која се објаснува причината за нападот.

Најмалку три експлозии се слушнале во главниот град на Украина, Киев, откако се огласиле сирените за воздушен напад. Репортерот на Ројтерс вели дека видел парчиња беспилотни летала користени во нападот на кои пишувало: „За Белгород“.

Гувернерот на руската област Белгород, во близина на границата со Украина, ги обвини украинските сили за постојано гранатирање на регионот, а вооружени лица во саботата убија 11 луѓе на воен полигон во регионот Белгород. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на нападите од утрово.

„Цела ноќ и цело утро непријателот го тероризира цивилното население. Камикази беспилотни летала и ракети ја напаѓаат цела Украина. Во Киев беше погодена станбена зграда. Непријателот може да ги нападне нашите градови, но нема да можат да не разбијат. Окупаторите ќе добијат праведна казна и осуда од идните генерации и ние ќе победиме“, напиша Зеленски на Телеграм.

ФОТО: EPA/OLEG PETRASYUK

Слично

Поврзани вести