За Белата куќа смртта на Пригожин не би била изненадување
Од Белата куќа за авионската несреќа која се случи во Русија, велат дека смртта на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин не би била изненадување.
Американскиот претседател Џо Бајден бил информиран дека дошло до авионска несреќа во која, како што се сомневаат, бил лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Бајден нема официјално соопштение. Американскиот претседател оваа недела е на одмор. Тој се наоѓа во долината Тахо, Калифорнија.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „никој не треба да биде изненаден“ ако се потврдат извештаите дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин бил во соборениот авион.
Гувернерот на руската област Твер, Игор Руденија го презеде под лична контрола прашањето за авионската несреќа во Бологовскиот регион во областа Твер, во која, според Министерството за вонредни ситуации, загинаа 10 лица, меѓу кои се претпоставува дека бил и рускиот платеник Евгениј Пригожин. Ова го соопшти прес-службата на регионалната администрација, цитирана од ТАСС. Осум тела се најдени.
