Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА БАЗИТЕ ПРЕГОВАРА: Русија го повлекува персоналот од амбасадата во Сирија

ЗА БАЗИТЕ ПРЕГОВАРА: Русија го повлекува персоналот од амбасадата во Сирија

Русија го повлекува персоналот од амбасадата во Сирија. 

Покрај персоналот на руската амбасада, евакуирани се и вработени во дипломатските претставништва на Северна Кореја и Белорусија, како и персонал од мисијата на непризнатата отцепена република Абхазија, пренесе ДПА.

„Специјалниот авион, кој полета од рускиот воен аеродром Хмеимим во Сирија, пристигна во Москва“, соопшти МНР на Русија.

Сепак, се нагласува дека руската амбасада во Дамаск не е затворена и продолжува со работа, но не се наведува причината за делумната евакуација.

Русија во моментов се обидува да преговара со новите власти во Сирија во врска со користењето на воениот аеродром Хмеимим и поморската база во Тартус.

Русија со години го поддржуваше сега веќе соборениот сириски претседател  Башар ал Асад. Тој избега во Москва и таму доби азил. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести