ЗА АНЕКСИЈА НА ГРЕНЛАНД И КАНАДА: Што одговорија Американците на анкета?
Анексијата на Гренланд и Канада ја поддржуваат едвај 20 отсто од Американците.
Помалку од 20 отсто од Американците го поддржуваат притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Канада и Гренланд, според новата анкета на „ЈуГов“, јавува Анадолија.
Анкетата направена со 1.677 Американци во период од 20 до 24 март, покажа дека само 19 отсто поддржале Америка да го припои Гренланд на прашањето дали „се залагаат или се противат на анексија на Гренланд кон Америка“.
Бројот на испитаници за Канада да стане 51-та држава во Америка е уште помал, односно17 отсто.
Покрај тоа, скоро половина од Американците се противат на анектирањето на Гренланд (49 отсто), а јасно мнозинство се против преземање на Канада (57 отсто). Околу една третина не се сигурни, 26 отсто се несигурни за Канада и 32 отсто за Гренланд.
Властите во Канада порачаа претходно дека нивната земја никогаш нема да биде дел од САД. Властите на Гренланд, исто ја отфрлија идејата на Трамп.
