Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 6,4 отсто падна потрошувачката на примарна енергија во Словенија

За 6,4 отсто падна потрошувачката на примарна енергија во Словенија

Потрошувачката на примарната енергија во Словенија падна за 6,4 отсто меѓу 2008 и 2011 година, што е над просечно на падот од 5,7 отсто во ЕУ, соопшти Европскиот завод за статистика. Во соопштението се наведува дека енергетската зависност на Словенија од увозот во 2011 година изнесувала 48,4 отсто, нешто под просекот на ЕУ од 53,8 отсто. Најголемата потрошувачка на енергија во 2011 година е забележана во Германија 316 милиони тони еквиваленти на нафта, потоа во Франција 260 милиони тони, Британија 199 милиони тони, Италија 173 милиони тони и Шпанија 129 милиони тони. Вкупната потрошувачка на енергија во наведените земји чинеше околу две третини од вкупната потрошувачка во ЕУ во 2011 година 1,698 милијарди тони еквиваленти нафта.

Слично

Поврзани вести