ЗА 50 ГОДИНИ СВЕТОТ ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ: Нема да владее христијанството, туку еве која религија!
Поради се поголемиот прилив на мигранти во Европа и раст на бројот на атеисти, исламот до 2070 година ќе стане водечка светска религија, покажуваат резултати од истражувачкиот центар Пју.
Процентот на христијанско население и исламска религија ќе се изедначи за околу година и ќе изнесува околу 32 посто. До 2100 година во светот муслиманите ќе бидат околу еден посто повеќе од христијаните. Резултатите од истражувањето покажале дека исламот станува најбрзо растечка религија на светот. Во 2010 година на светот биле 23 посто муслимани, а 31 посто христијани. Меѓутоа, истражувањето покажало дека муслиманите во просек имаат повеќе деца од припадниците на било која друга религија во просек 3,1 во однос на 2,3 деца, колку ги имаат припадници на сите останати верски групи заедно. И покрај се поголемиот број на атеисти и припадници на исламската религија до 2050 христијанството сепак ќе остане најмногучовечка религија на светот, но не и за долго потоа. И покрај тоа што не влијае на растот на глобалната популација, миграциите доведуваат до нагли пораст на муслиманска популација во поедини делови од светот, како Европа и Северна Америка. Лани процентот на муслимани во САД изнесувал 1 отсто, додека според предвидувања на експерти до 2050 година овој процент ќе изнесува 2,1 проценти.
