За 3,7 милијарди евра „McKesson“ сака да го купи Celesio
Во напредна фаза на преговори за купување на мнозинскиот дел во германскиот ривал „Celesio“ е американскиот дистрибутер на лекови „McKesson“.
„McKesson“ нуди 3,74 милијарди евра за акциите на „Celesio“ ,околу 22 евра по акција, односно премија од речиси 30 проценти. Исто така McKesson“, ќе даде доброволна понуда за преземање на сите акции на „Celesio“.
„Celesio“ е еден од трите најголеми фармацевтски дистрибутери во Европа. Неговата потенцијална продажба е поттикната со растечките трошоци, медицинските трошоци и намалувањето на потрошувачката на владите во Европа.
Минатата година, „Celesio“ забележа 22,3 милијарди евра приходи и пилагодена ЕБИТДА од 580 милиони евра.
Слично
