За 24 часа Иран затвори над 150 објекти и ресторани каде жените не носеле хиџаб
Во Иран затворени се повеќе од 150 трговски објекти и ресторани поради кршење на кодексот на облекување.
Властите објавија дека за 24 часа затвориле над 150 трговски објекти и ресторани затоа што работничките не носеле хиџаб. Претходно стапи во сила наредбата полицијата да ги користи надзорните камери за идентификација на жените кои не носат хиџаб, кој е задолжителен дел од женската облека од Исламската револуција во 1979 година. Новата мерка стапува во сила откако многу жени по минатогодишната смрт на Махса Амини, се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување. Полицијата вчера најави дека почнува „внимателно планирани акции“ во јавниот простор, возилата и на „местата на кои понекогаш се соблекува хиџабот“.
Иранските власти претходно во неколку наврати предупредуваа дека следи казна ако жената го соблече хиџабот на јавно место.По смртта на Амини имаше насилни протести во Иран.
