Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 13 милијарди евра создаден најголемиот хотелски ланец во светот

За 13 милијарди евра создаден најголемиот хотелски ланец во светот

Хотелскиот ланец „Marriott International“ ја презеде компанијата „Starwood Hotels & Resorts Worldwide“ и така стана светски лидер во хотелиерството.

Таа се споени марите на Мериот- Кортјард, Рич, Картон, и  Мериот со Старвуд Шератон, Вестин, и В и СТ. Реџинс. Под „чадорот“ на Мариот ќе бидат вкупно 30 хотелски брендови и ќе биде тоа најголемиот ланец на хотели во светот со повеќе од 5 700 објекти, и 1,1 милиони соби во повеќе од 110 земји.

Ланецот Мериот сега го надмина Хилтон кој има 773 000 соби и Групата Интерконтинентал хотели со 766 000 соби.

„Сега сме во сосотојба да понудиме многу поголема можност на избор-истакнал директорот на Мериот Арн Соренсон.

Тој додал дека Старвудовиот програм на лојалност кон гостите бил „централна, стратешка причина за трансакција“. Членовите на тој програм во целосност му се предадени, обично имаат поголеми приходи и бележат повеќе ноќевања.

Од денес членовите на Сатрвудовиоти Мериотов програм на лојалност на гостинот ќе може да ги поврзат своите сметки така што ќе уживате иста, односно поголема поволност. 

Старвуд излезе во продажба во април 2015 година. Мериот пак за да го презеде Старвуд морал да ја надмине понудата на кинеската Анбанг осигурувачка група. Американските и европските регулатори биле подготвени да ја одобрат продажбата, но кинеската влада се пишманела и продажбата е одложувана со месеци.

Мериот и Старвуд, како и други хотелски ланци, поседуваат многу мал број на хотели поединечно. Тие всушност водат или даваат франшиза од своите брендови на стотини поединечни сопственици, често на компании за развој на недвижнини.

Слично

Поврзани вести