„Yahoo“: Владата на САД ги бара податоците на корисниците
Светската интернет корпорација „Yahoo“ соопшти дека американската влада и се заканува со казна од 250.000 дневно доколку не ги достави онлајн податоците на корисниците.
Американската Национална безбедносна агенција (NSA) барала „Yahoo“ да постапува во согласнот со новите правила за надгледување, а што компанијата го сметала за неуставно а тоа се обидела да го докаже и на суд.
Пребарувачот не ја добил судската битка во врска со барањето на владата, а што датира уште од времето на мандатот на Џорџ Буш. Процесот кој се одвивал тајно се појави во јавноста во четвртокот кога федералниот судија наредил да се обелодинат поедини материјали од таа постапка, што „Yahoo“ го поздрави како „победа на транспарентноста“. Американската унија за граѓаниски слободи соопшти дека тој процес покажува дека е неопходна многу поголема отвореност во врска со владиниот програм за надгледување.
Тајниот програм за надгледување од минатата година го обелодии поранешниот службеник на NSA Едвард Сноуден, кој избегал од САД. Судските документи откриваат дека битката поради надгледување помеѓу технолошките компании и американската влада се водела години пред Сноуден да го обелодени постоењето на ваквиот програм.
