Економија, финансии, бизнис

Контакт

Yahoo! тајно скенирале мејлови за разузнавањето на САД

Yahoo! тајно скенирале мејлови за разузнавањето на САД


Американската компанија Yahoo! минатата година тајно изградила, по барање на разузнавачките служби на САД, програма која ги пребарува сите пораки на клиентите и за конкретни информации. Програмата може да го најде бараниот збор или зборот во главната текстуална порака или во атачмент, пренесе Ројтерс.

Според експертите ова е првиот познат случај во кој американска интернет компанија прифаќа барање на разузнавачка агенција да ги прегледа сите пристигнати пораки, а не само складирани пораки или да скенира мал број сметки во реално време.

Не е познато какви информации барале разузнавачките служби, туку само дека сакале Yahoo! да бара одредена комбинација на букви. Ова може да значи некаков израз во мејл или апликација, изјавија извори кои побараа анонимност.

Ројтерс не може да утврди какви податоци Yahoo! предала на американските служби и дали воопшто предала некакви и дали разузнавачки агенции упатиле слично барање на други снабдувачи на мејл услуга освен Yahoo !.


Слично

Поврзани вести