Yahoo си оди од Кина?
По затворањето на нивната електронска пошта минатиот месец во Кина , Yahoo е на пат да стави крај и на информатичките услуги во Кина, објави БиБиСи. Почетната страница на кинеската поделба на Yahoo веќе ги препраќа корисниците кон веб-сајтот Alibaba , која управува со кинеските операции на американскиот пребарувач.
Во пораката за заминувањето, што се појавува пред препраќањето на корисниците, стои дека “Се работи за подобрување на оперативната стратегија" . Од Yahoo навестуваат исто така и дека персоналот веќе работи за содржината на Alibaba и се заблагодаруваат на корисниците за досегашната поддршка.
Од БиБиСи не успеале да добијат коментар од Yahoo. Компанијата се сретна со силна конкуренција на кинескиот пазар. Социјалните медиуми како на пример Twitter преку платформата од Weibo , се екстремно популарни во Кина , иако се отворено цензурирани.
Yahoo поседуваше значителен удел во Alibaba која беше лиценцирана да управува со кинеските услуги на американскиот пребарувач. Некои аналитичари пак метаат дека Alibaba веќе нема потреба од кинеската поделба на Yahoo која се трга од пазарот.
Слично
