Економија, финансии, бизнис

Контакт

Yahoo го купува Тumbir за 1,1 милијарда долари

Yahoo го купува Тumbir за 1,1 милијарда долари

Интернет гигантот Yahoo го одобри купувањето на блогерскиот сајт Tumbir за 1,1 милијарда долари, пишува весникот „Волстрит журнал“.

Според изданието административниот совет на гигантот го одобри вчера купувањето на сајтот со блогови, а веста ќе биде соопштена денеска на прес-конференцијна во Њујорк.

Tumbir е создаден во февруари 2007 година и денеска има 175 вработени. Тој е достапен на 12 јазици и во него се сместени 108,4 милиони блогови со 50,8 милијарди написи. Во 2011 година Tumbir се проценуваше на 800 милиони долари.

Yahoo е формиран во 1994 година и има 11.500 вработени, но во последно време се соочува со финансиски проблеми и со проблеми во стратешкото планирање.

Слично

Поврзани вести