Економија, финансии, бизнис

Контакт

Wolkswagen дава по 1 000 долари на секој засегнат од скандалот

Wolkswagen дава по 1 000 долари на секој засегнат од скандалот

По скандалот со лажирањето на издувните гасови, автомобилската компанија Волксваген нуди по 1 000 долари за секој сопственик со дволитарски дизел мотор, од кои половина ќе ги префрла на банкарска сметка за бесплатно користење.

Втората половина може да биде употребена само во дилерските центри на Volkswagen. Освен тоа германскиот автомобилски гигант им нуди на погодените бесплатна помош на патот во текот на три години, соопшти Bloomberg.

Предлогот се однесува за 482 илјади американци кои поседуваат автомобили со дволитарски дизел мотори.

Инаку, аферата Фолксваген опфаќа 11 милиони автомобили во целиот свет, опремени со лажни програми за штетноста на издувните гасови. Компанијата се соочува со казна од 18 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести