Windows 8 не е доволно атрактивен за муштериите
Продажбата на новиот оперативен систем Windows 8 e “далеку под очекувањата”, наведува Windows SuperSite. Сајтот продажбата во компанијата ја опишува како “разочарувачка”, а вината се префрла на производителите на компјутери и нивната “неможност да испорачаат”. Познато е дека Епл ги прави најдобрите лап-топи сепак тие и натаму се зависни од Микрософт и неговиот софтвер и можат да продаваат компјутери во кои е инсталиран единствено Виндоус.
Единственото вистинско објаснување е дека Микрософт решил да си поигра со најпопуларниот оперативен систем во светот и сега тоа им се удира од глава. Микрософт презеде голем ризик со новиот Виндоус со цел да го направи подстапен за работа со допир. Тоа ги збуни муштериите. Ајпадот на Епл нуди доволно добра алтернатива, па Виндоус франшизата е во опасност, оценуваат американските медиуми.
Слично
