„Washington Times“: Русија го „купила“ Обама за да ја поврати Алјаска!
Угледниот американски весник ја обвини Русија, „Гаспром“ и лично Владимир Путин дека финансираат еколошки организации, кои го поткопуваат развојот на американската енергетика.
Се наведува дека за тоа прв проговорил поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Тој во летото 2014. изјавил дека специјални служби на Русија тајно финансираат еколошки организации во Европа со цел Европјаните да се откажат од експлоатација на гас од јаглени шкрилци, пренесува весникот „Взгљад“.
Американскиот весник понатаму наведува дека организација „Environmental Policy Alliance “ објавила извештај според кој Путин ги финансира еколозите како ги ја саботирал експлоатацијата на нафта во САД.
Американски новинар исто така тврди дека Русија го „купила“ Барак Обама. Според логиката на американските истражувачи, на Обама наводно му е потребна помош од Русија во неговата предизборна кампања и тој добил руско финансирање преку еколошки организации и дел од овие прати ги потрошил за „напади на републиканците“. А сега намерно не развива експлоатација на нафта во Алјаска, како потоа би им ја предал на Русите, пренесува Руска реч.
