Економија, финансии, бизнис

Контакт

Wall Street се враќа чекор наназад, остар пад на акциите!

Wall Street се враќа чекор наназад, остар пад на акциите!

Остар пад на цените на акциите на Wall Street, бидејќи инвеститорите стравуваат дека Fed ќе ги намали поттикнувачките монетарни програми, иако економијата не е во полн замав.

Претседателот на американската централна банка Бен Бернанке пред две недели изјави дека Fed би можел да ги намали програмите за откуп на државни и хипотекарни обврзници кога економијата ќе земе замав, но се повеќе има функционери на банката кои заговараат за намалување на тие програми веќе летово, иако состојбата во економијата не е сјајна.

Американскиот пазар на труд, сепак, закрепнува, но не толку брзо како што би сакале инвеститорите. Консултантската компанија ADP вчера извести дека во мај во приватниот сектор бројот на вработените е зголемен на 135.000, што е за 20-тина илјади повеќе во однос на претходниот месец, но е за 30-тина илјади помалку од очекувањата.

Марк Занди, економист во компанијата Moody's Analitics вели дека бројките се слаби.наместо да бидат се подобри и  дека не само што се заканува пад во бездна, туку дека берзата се врќа чекор наназад.

Слично

Поврзани вести