Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Wall Street“ се полни со оптимизам по долгиот викенд 

„Wall Street“ се полни со оптимизам по долгиот викенд 

Водечките индекси на „Wall Street“ стартуваат со трговија денеска во обид да се опорават од втората најлоша недела за годинава. Берзата во САД остана затворена во понеделникот поради прославата на Денот на трудот, пренесува „CNBC“.

Во првиот трговски ден по 3-дневниот викенд индексот на „Dow Jones Industrial Average“ се зголемува за 1,49%, или со 239,51 поени, до 16 341,89 поени, како и „Wal-Mart“ поведува во неговиот  најпрофитабилен состав по 2 , 5% раст на цената на акциите. Единствено акциите на енергетскиот гигант „Chevron“ поевтинуваат.

Широкиот индекс на „Standard & Poor's 500“ забележува раст од 1,42% до 1 948,42 поени, реализиран благодарение на сите 10 потсектори.

Технолошкиот репер „Nasdaq Composite“ пак одеднаш се извиши со 1,63% до 4 760,32 поени, откако акциите на „Apple“ се зголемија за цена со 2,22% до 111,07 долари и придонесуваат за целокупниот раст на технолошкиот сектор.

Пазарните учесници се во очекување на дводневното заседание на Федералните резерви на САД, што ќе се одржи следната недела. Тогаш централните банкари ќе можат да одлучат да ги кренат каматните стапки за прв пат по 9 години. Според голем број аналитичари податоците за пазарот на трудот во САД, објавени во петокот, и обезбедиле на банката доволно поддршка за едно вакво решение.

„Пазарната нестабилноста продолжува, и најверојатно работите ќе останат така, додека „ФЕД“ не донесе одлука“, коментира главниот пазарен економист на „Rockwell Global Capital“ Питер Кардио.

На пазарите на суровини во фокус повторно е нафтата, чија цена паѓа со 1,45 долари до 45,59 долари за барел. Цената на златото се зголеми за само 10 центи до 1 121,50 долари за унца.

Доларот поевтинува малку во однос на валутите на главните трговски партнери на САД, а курсот на еврото се приближува до 1,12 долари.

* Информациите се актуелни до 18:56 часот по македонско време.

Слично

Поврзани вести