VW подготвува пресврт, ќе стави крај на дизелашите?
Германската автомобилска компанија Фолксваген (VW) и кинеската „Анхуеј Џенгухај автомобајл“ преговараат за заедничко производство на електрични автомобили во Кина.
Двете компании како што порачуваат од VW, потпишале меморандум за разбирање во седиштето на германската компанија во Волсбург како би изразиле можност за основање на заедничка фирма фокусирана на истражување, развој, производство и продажба на „нови енергетски возила“, пренесоа светските агенции.
Од друга страна, кинеската компанија изразила очкеувања дека официјалната спогодба со VW ќе биде потпишана во рок од пет месеци.
Нивните преговори доаѓаат во момент кога официјален Пекинг настојува да ја развие индустријата на елекрични автомобили по пат на иницијатива и други програми со владина поддршка, а се со цел намалување на загадувањето на воздухот.
Околу 247 000 автомобили со нулта емисија штетни гасови лани се продадени во Кина, што е четири пати повеќе отколку во 2014 година, според податоците на Кинеската асоцијација на произведувачи на автомобили.
Според кинескиот закон, странски компании мора да влезат во мешовита фирма со домашна компанија како би произведувале автомобили во Кина, која важи за најголем пазар на автомобили во светот.
