VW ги суспендираше директорите на Ауди и Порше, акциите тонат ли тонат!
Германската автомобилска компанија Фолксваген (VW) денеска ги суспендираше директорите на своите клучни брендови „ауди“ и „Порше“ задолжени за секторот на истражување и развој, соошптуваат извори запознаени со состојбата.
Управниот одбор на VW минатиопт петок одлучи да суспендира поедини вработени (не наведувајќи ги нивните имиња) додека не бидат разјаснети деталите околу скандалот на VW со лажирањето на податоците за емисиите на штетните гасови.
Акциите на VW како што известува АФП, утрово продолжиле да паѓаат на Франкфуртската берза, потонувајќи 6,6 одсто на 100,20 евра.
Британската агенција минатиот викенд јави дека VW ќе ги отпушти водечките луѓе во компанијата, во рамки на настојувањата да се оправи од скандалот.
Управниот одбор во петокот го именуваше Матијас Милер, шефот на Порше за нов генерален директор на компанијата, после oставката од функцијата на Мартин Винтеркорн.
-Матијас Милер има силни стратешки, корпоративни и социјални квалитети - рекол актуелсниот претседател на VW Бертхолд Хубер на минатонеделната конференција за новинари.
