Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вујко со чекан и со нож ги измасакрирал четирите малолетни внуци и нивната мајка

Вујко со чекан и со нож ги измасакрирал четирите малолетни внуци и нивната мајка

Четири малолетни деца и нивната мајка се брутално убиени денеска во Париз. Маскрот го извршил нивниот вујко со нож и со чекан, а полицијата утврдила дека децата се до смрт избодени и имаат страѓни удари по телото.

Според извештаите на локалните медиуми, напаѓачот бил пронајден во несвест на самото место со ножот и чеканот до него, а освен четирите деца и нивната мајка, уште други пет лица, вклучително и напаѓачот, се повредени, од кои тројца се со многу тешки повреди, пренесува „Индипендент“.

Според локалните медиуми, еден млад човек облеан во крв упаднал во кафуле во североисточниот дел на Париз и побарал помош затоа што неговиот „чичко полудел и ги нападнал членовите на семејството со нож и чекан“.

Осомничениот бил пренесен во блиската болница, која полицијата ја опколила.


Слично

Поврзани вести