Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ вели дека војната во Украина може да прерасне во пекол

Вучиќ вели дека војната во Украина може да прерасне во пекол

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека војната во Украина всушност веќе се претвори во светска војна.

Вучиќ смета дека Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев.

„Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот. Toj вели дека ќе направи сѐ за да го зачува мирот.

Вучиќ, исто така, смета дека Русија наскоро ќе му пристапи на Западот со „некој предлог“, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас.

„Знам што нѐ чека. Штом Путин ќе си ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар, па ќе дојде до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема го прифати, ќе настане пекол“, рече Вучиќ.

Русија на 24 февруари ја нападна Украина. 

foto EPA/STEPHANIE LECOCQ

Слично

Поврзани вести