Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден град на Азурниот брег забрани носење буркина

Уште еден град на Азурниот брег забрани носење буркина

Францускиот суд го отфрли барањето на група која ги претставува француските муслимани, за поништување на одлуката на општината на Кан за забрана на буркина - костим за  капење, кој го покрива целото тело и коса, пренесоа американските медиуми.

Адвокатот на групата наречена колектив против исламофобијата во Франција, изјави дека ќе поднесе жалба прашањето во Државниот совет - највисока административна инстанца на Франција.

Истовремено, по одлуката на Кан за забрана на буркина слично решение има и друга општина на Азурниот брег, градот Вилнев-Лубе, пренесе Франс прес. Веста ја соопшти лично градоначалникот, Лионел Лока претставник на десничарската партија на Републиканците.

Тој ја аргументира одлуката дека не е соодветно одењето со буркина на плажа во општиот контекст во земјата. Додаде дека морале да ја забранат и од хигиенски причини.

Франција, која ја има најголемата муслиманска заедница во Европа, во последните 18 месеци стана цел на три големи напади и на уште неколку напади на радикализирани муслимани, што доведе до зголемување на тензиите во однос на муслиманите.

Слично

Поврзани вести