Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втората црна кутија од несреќната на „Ербас А320“ е во добра состојба

Втората црна кутија од несреќната на „Ербас А320“ е во добра состојба

Втората црна кутија на несреќната на „Ербас А320“ е употреблива и во добра состојба со што властите се надеваат дека ќе добијат повеќе индиции за катастрофата, причина за смртта на 149 лица на Француските Алпи, соопштија обвинителите во Франција.

Првата црна кутија беше пронајдена на денот на самата несреќа и беа анализирани податоците од неа што им овозможи на инспекторите да утврдат дека во моментов на несреќата првиот пилот бил надвор пилотската кабина, а вториот пилот се заклучил внатре и најверојатно намерно го урнал авионот.

Францускиот обвинител Брус Робин најави дека состојбата на втората кутија „ни дава добра надеж дека таа може да биде употребена“. Таа содржи 500 параметри, меѓу кои податоци за надморска висина, брзината и режимот на моторите. „Покрај тоа, таа може да ги покаже и податоците за преземените активности на пилот Андреас Лубиц“, изјавил Робин.

Сите 149 патници и членови нана екипажот од урантиот лет „4U9525“ од Барселона до Дизелдорф загинаа, откако авион на „Germanwings“ се урна во Алпите минатата недела. Ова е крвавата несреќа на француска земја со децении наназад.

Слично

Поврзани вести