Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втората црна кутија на авионот може никогаш да не биде пронајдена

Втората црна кутија на авионот може никогаш да не биде пронајдена

Андреас Лубиц (28 година), вториот пилот на Ербас на „Германвингс“, за кој се верува дека може намерно да го урна пред една недела во Француските Алпи, ги погуби сите 150 лица, имал склоност кон самоубиство.

Според обвинителството во Дизелдорф тој бил лекуван поради тоа во минатото, пред да стане пилот.

„Во изминативе години и досега тој ги поминал успешно сите прегледи и не покажувал знаци на агресија кон другите или самоубиствени склоности“, рече Ралф Херебрюк, портпарол на обвинителството.

Компанијата мајка „Луфтханза“ веќе призна дека во 2009-та ја прекинал за 6 месеци обука поради тешка депресија, која ја надминал, и од 2013-та бил вратен во„Германвингс“.

Германските медиуми објавија дека Лубиц страдал од самоубиствени тенденции и сфаќајќи дека ќе ја изгуби својата работа, го урнал авионот.

Во исто време од „Луфтханза“ изразија загриженост дека втората црна кутија на авионот - со техничките параметри, може и да не биде откриена.

Ден по судирот беше пронајдена нејзината конзола, но снимачот уште не е откриен, а и не бил пресретнат сигнал од него.

Се проценува дека евакуација на урнатините и деловите од тела ќе потрае неколку недели, а за олеснување на процесот вчера  беше пробиен пат до местото на несреќата.

Стана јасно уште дека меѓу жртвите се три Шпанци од едно семејство со подеднакво име - 12-годишната Ема Солера Пардо, нејзината мајка Ема Пардо Видал и нејзината баба Ема Видал Бардо. Тие патувале од Барселона во Дизелдорф за Манчестер на екскурзија.

Слично

Поврзани вести