Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втората по големина аптека во САД ја запира продажбата на цигари

Втората по големина аптека во САД ја запира продажбата на цигари
Компанијата CVS Caremark е првиот голем малопродажен ланец во САД, кој вчера најави дека ќе престане да нуди цигари во своите продавници. Во официјалното соопштение се вели дека од октомври сите производи на тутунската индустрија ќе исчезнат од полиците на нејзините околу 7.600 објекти. Здравствените работници, како што пренесува „Ројтерс" , велат дека одлуката на втората по големина аптека во земјата создава преседан кој може да изврши притисок и други во секторот да го следат овој потег . Д- р Риса Стелажи-Мурило, шеф на здравствената фондација "Роберт Вуд Џонсон “, ја оценува одлуката како „храбар потег , зацврстување на претставата дека аптеките се место за здравствена заштита". Метју Маерс од Кампањата за деца без цигари смета дека ефектот ќе биде намалена употреба на цигарите меѓу населението. Податоци на „Евромонитор" покажуваат дека за периодот 2003-2013 година, продажбата на цигари во САД се намалила за 31.3 % . Продавниците Caremark се една од клучните мрежи за продажба на фармацевтски производи и за владината здравствена програма Medicare. Од компанијата коментираат дека почнуваат со нова политика за да ја зајакнат позицијата токму во секторот на здравствените услуги. Предвидувањата им се дека нема да загубат многу средства - најверојатно околу 2 милијарди од годишната продажба и околу 6-9 центи по акција. Предвидувањата на аналитичарите се дека во 2014 година CVS ќе има речиси 133 милијарди долари профит , или по 4.47 долари по акциј , наведува " Томпсон Ројтерс " . Американски градови како Бостон и Сан Франциско веќе забранија продажба на тутунски производи во објекти кои нудат лекови . Но, доброволното решение на CVS најверојатно ќе има сериозен ефект врз другите дрогерии. Чекорот на оваа дрогерија не е уникатен - во 1996 година компанијата Target ја прекина продажбата на цигари , а во 2008 година се приклучи и синџирот супермаркети Wegmans Food Markets од Источниот брег на САД. Зад одлуката на CVS има и сериозна бизнис логика - освен што, за една деценија, продажбата на цигари е намалена за една третина, бројот на пушачи е паднат од 43% во 1965 година на 18 % од населениет. Пушењето продолжува да се поврзува со смртта на речиси половина милион луѓе во САД и расте притисокот над властите да ги намалат за 10 години пушачите до 10% од населението и да ги заштитат до 5 години сите останати од пасивно пушење.   А.А.
Слично

Поврзани вести