ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД: Во Швајцарија клинички ќе се испитува Т-клеточна вакцина за долготраен имунитет
Британската компанија
„Emergex“ со седиште во Оксфордшир разви вакцина за САРС-КоВ-2 која е
дизајнирана да ги подготви Т-клетките (белите крвни зрнца кои се дел од
имунолошкиот систем) во телото за брзо отстранување на клетките инфицирани со
вирус.
Повеќето актуелни вакцини, кон кретно Фајзер, функционираат така што создаваат имунолошки одговор на антитела во телото со изложување на клетките на примателот на вакцината на протеинот на КОВИД-19.
Emergex во понеделникот објави дека добил овластување да премине во неговата Фаза 1, односно клиничко испитување во две групи од 13 волонтери кое ќе се спроведува во Центарот за примарна нега и јавно здравје на Универзитетот во Лозана,Швајцарија.
Се очекува првиот пациент да ја прими првата доза од вакцината Емергекс на почетокот на јануари 2022 година, се вели во соопштението, пренесува CTV News.
„Иако сегашните вакцини против КОВИД-19 постигнаа значителен напредок во намалувањето на морталитетот, сè уште остануваат предизвиците, особено со развојот на нови варијанти“, рече главниот истражувач Блез Гентон.
„Овој возбудлив нов научен пристап за развој на вакцина против САРС-КоВ-2 се однесува на потребата да се генерира одговор на Т-клетки за да се предизвика долгорочен имунитет. Со нетрпение очекуваме да ги оцениме резултатите кога ќе бидат достапни“.
Вакцината Emergex, ќе се аплицира со микроигли, сосема слично како што се става фластер на кожата, за да вакцината се достави во телото, а компанијата во своето соопштение наведува дека вакцината исто така ќе биде стабилна на собна температура повеќе од три месеци, што ги прави дистрибуцијата и складирањето поедноставно.
ФОТО: YouTube Print screen