Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОР КРУГ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Десничарите и натаму фаворити

ВТОР КРУГ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА: Десничарите и натаму фаворити
Со засилени безбедносни мерки околу избирачките места, во Франција денеска се одржува вториот круг од регионалните избори, на кои до сега фаворит е екстремно десничарската партија Национален фронт. По успехот на европските и локалните избори, десничарската партија е фаворит и на регионалните избори. Партијата на Ле Пен, во првиот круг освои 28 отсто од гласовите, пред десницата експретседателот Никола Саркози, која освои 27 отсто и пред социјалистите кои освоија околу 23 отсто од гласовите. Партијата на Ле Пен, во денешниот втор круг има предност во шест региони, републиканците на Саркози во четири, а социјалистите на Оланд во два региона. Популарноста на Националниот фронт е во пораст по терористичките напади во Париз.Ле Пен ја искористи својата националистичка и антимиграциона реторика, по објавите дека терористите влегле во Франција како беглаци преку Грција.

Инаку, по изборната прецвртница во Франција, премиерот Мануел Валст предупреди дека доколку Националниот фронт овој викенд освои власт на регионалните избори, државата може да „биде вовлечена во граѓанска војна“, бидејќи како што рече, екстремната десница во основа се залага за поделба.

Слично

Поврзани вести