Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врвот на БРИКС потпиша документи во сферата на економската соработка

Врвот на БРИКС потпиша документи во сферата на економската соработка

На средбата на врвот на државите од групата БРИКС во Република Јужна Африка потпишани се неколку документи вклучително и во сферата на економската соработка.

Во присуство на лидерите на државите од групата е потпишан договор за финансирање  соработка во сферата на „зелената економија“.

Склучен е исто така договор за финансирање инфраструктурни проекти во Африка како и декларација за формирање на Деловен совет на БРИКС.

Објавено беше и за потпишана декларација за формирање Конзорциум од експертски центри од државите од БРИКС, документ за доставување заеднички статистички публикации на државите од групата и други документи. Русија предложи да се разработи стратегија за долгорочна економска соработка на државите од БРИКС.

Слично

Поврзани вести