Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врвен руски научник за хиперсонични ракети уапсен под обвинение за предавство

Врвен руски научник за хиперсонични ракети уапсен под обвинение за предавство

Водечки руски научник во хиперсоничен лет е уапсен под сомнение за предавство во петокот, јавуваат руските државни медиуми.

Д-р Александар Шиплјук, директор на Институтот за теоретска и применета механика на сибирскиот огранок на Руската академија на науките, е третиот руски научник кој летово е уапсен под сомнение за предавство.

Научниот директор на институтот Василиј Фомин за руската новинска агенција ТАСС изјави дека Шипљук бил испратен во истражниот центар Лефортово во Москва, пренесува Си-Ен-Ен.

Неговиот притвор доаѓа по апсењето на 27 јуни на главниот истражувач на институтот, Анатолиј Маслов, кој е осомничен за пренесување на државни тајни податоци поврзани со хиперсонични ракети.

Според веб-страницата на институтот, Шиплјук раководи со технолошка лабораторија со уникатни ветерни тунели наменски изградени за симулирање на хиперсонични услови.

На 30 јуни, советскиот окружен суд во Новосибирск уапси друг научник, Дмитриј Колкер, истражувач на Институтот за ласерска физика на сибирската филијала на Руската академија на науките.

Колкер беше приведен под обвинение за државно предавство за наводна соработка со кинеските безбедносни служби, посочуваа Си-Ен-Ен.

Колкер, кому му беше дијагностициран рак во четврта фаза, почина додека беше префрлен од истражниот затвор.

Воените сили во Русија, Кина и Соединетите Држави работат на развој на оружје со хиперсонично возило за лизгање (HGV).

Станува збор за оружје со многу маневрирање што теоретски може да лета со хиперсонични брзини при прилагодување на курсот и висината за да лета под радарско откривање и околу ракетната одбрана.

Експертите велат дека од таквото оружје е неверојатно тешко да се одбрани.

Се смета дека Русија има HGV во својот арсенал, системот Авангард, за кој рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година тврдеше дека е „практично неранлив“ за западната противвоздушна одбрана.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести